„УЧК“ со ултиматум до Македонија – кој стои зад ова?

Facebook
Twitter
Email
Print

После казната на кумановската група, се активира УЧК во Македонија со 72 часовен ултиматум.

 

Матни и „веќе видени“ потези, кои сепак не треба да се потценат. Вакви се првичните ставови во јавноста, откако весникот на албански јазик „Лајм“, објави дека во нивната редакција вчера пристигнало известување од генералниот штаб на УЧК со седиште во Скопје.

 

 

Во известувањето назначено со број 6, било соопштено дека УЧК ја осудува пресудата изречена од Судот за членовите на кумановската група, а од Албанците било побарано да ги напуштат сите државни институции каде што се вработени, во спротивно ќе почнат напади. Бил даден ултиматум од 72 часа кој започнал вчера, а ќе заврши во среда на полноќ.

 

Случајно или не, вчера беа хакирани и веб-страниците на Кривичниот и на Врховниот суд на Македонија, а на социјалните мрежи таквиот чин е претставен како знак на протест од група која се претставува како „Anonymous Albania“ и порачува: „Oслободете ги јунаците од Куманово“.

 

„Ултиматумот од УЧК“ во средините со мнозинско албанско население наиде на негодување, но и на потсмев на социјалните мрежи. Во дел од реакциите се потсетува дека секоја година „УЧК“ праќа по некое слично соопштение кое завршува како „издуван балон“, и се бара одговор од надлежните кој стои зад ваквите вознемирувања на јавноста.

 

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов смета дека овој тип на соопштенија повеќе наликуваат на подметнување „лажни вести“, но сепак не треба да се игнорираат.

 

„Независно дали е сериозна закана или не, тајните служби треба да имаат сериозен и одговорен пристап, да ги проверат овие закани и да превенираат со соодветни активности. Соопштението повеќе наликува на општиот тренд на лиферување лажни вести, со цел да се сврти вниманието и да се издејствуваат повторување на судската постапката за кумановските настани“, вели Трајанов.

 

За пресудите викендов имаше Протест во Скопје, а најжестоки беа реакциите во Косово минатата недела, каде беше побара меѓународна истрага поради немањето доверба во македоснките институции, а меѓународна истрага беше побарана и од страна на ДУИ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи