„Диферњуз“: Македонија на 11-12 јуни 2018 влегува во НАТО, сè е во рацете на Коѕиас и Сириза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Под наслов „ПЈРМ на 11-12 јули 2018 влегува во НАТО, прашањето за името во рацете на Коѕиас и Сириза“, грчкиот портал „Диферњуз“ објавува текст во кој тврди дека постои утврден распоред за решавање на проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија, пренесува МИА.

 

Според порталот, кој се повикува на доверливи извори во грчките дипломатски кругови, Македонија, според распоредот, прво ќе ги повлече статуите и „целосно ќе го уништи планот Скопје 2014“ со цел да влезе во НАТО.

 

„Прашањето за името на ПЈРМ влегува во финална линија, и на самитот на НАТО на 11-12 јули 2018 година во Брисел, ќе има дефинитивно решение за името што ќе и овозможи на поранешната југословенска Република Македонија да влезе во Aлијансатa“, пишува порталот и додава дека доколку се се одвива според планот, тоа ќе има и симболика, затоа што ќе се случи точно 10 години од ветото на Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

 

Прво, според „Диферњуз“, до февруари треба да има видлив напредок. Потоа, во април следната година Европската комисија ќе го претстави извештајот за напредокот во проширувањето, со барањето на Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори.

 

Порталот наведува дека со цел да се стигне до таму, новиот градоначалник на скопската општина Центар, Саша Богдановиќ, кој доаѓа од владејачката СДСМ, соопшти дека ќе формира  комисија која ќе го опфати целокупното работење на проектот „Скопје 2014“.

 

Грчки дипломатски извори изјавиле дека прашањето за Скопје се враќа во центарот на дипломатијата и се очекува да ја стави под тест доследноста на владејачкото мнозинство и главната опозиција.

 

Во текстот, што МИА веќе го пренесе, натаму се потсетува на неодамнешната изјава на шефот на грчката дипломатаија, Никос Коѕиас, дека прашањето за името треба да се реши во првата половина од 2018 година и оти ако не се реши, ќе има големи потешкотии. Ако се реши, потребни се три до четири месеци бирократска процедура во ОН. Така, треба да се реши до крајот на 2018 година, затоа што 2019 ќе започне со избори за претседател во Македонија, а потоа, летото и во Грција ќе има избори.

 

Според луѓе кои неодамна разговарале со Коѕиас, тој лично сака да се реши прашањето за Скопје,  во рамки на поширок контекст, според кој Атина мора да ги затвори сите отворени фронтови за да се фокусира на средување на грчко-турските односи.

 

Тоа, сепак, не е лесна задача со оглед на тоа што министерот за одбрана Панос Каменос, чија партија Независни Грци е коалициски партнер во Владата, постојано ги повторува неговите црвени линии, истакнувајќи дека е против секое име кое ќе го содржи терминот Македонија и оти за договор за името треба да се спроведе референдум.

 

Грчкиот медиум потсетува дека одлуката на Советот на политички лидери од 1991 година, со која не се прифаќа терминот Македонија, веќе е надмината со промена на политиката во 2007-2008 година кога Атина прифати сложено име.

 

Според „Диферњуз“, Вашингтон смета дека прашањето треба да се затвори. Улогата на „супервизор“ на балканските прашања во моментов ја има заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји, „иако, политички, регионот го следи потпресетаделот Мајк Пенс“.

 

Според добро информирани извори, пораката што ја пренел американксиот дипломат, е дека Скопје, заедно со унапредување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и решавањето на нерешениот спор со Уставот на Босна и Херцеговина се прашања на кои мора да се работи во следните шест месеци.

 

Порталот тврди дека Никос Коѕиас и и неговиот македонски колега, Никола Димитров, ќе изберат „задкулисни контакти за надминување на препреките“ и оти веќе постои „процес на два паралелни патишта“.

 

Првиот пат, кој што е суштината на мандатот на Метју Нимиц, ќе вклучува дискусии околу името и опсегот на употреба, каде што е очигледно дека тешкотијата лежи во обемот и толкувањето на ерга омнес.

 

Искусните набљудувачи веруваат дека промена на уставното име на Македонија ќе биде многу висока бариера и можеби ќе треба да се бараат повеќе „креативни решенија“.

 

Вториот е за изведените придавки, кратенки и трговски имиња. Изведените придавки го вклучуваат идентитетот и јазикот, елементи кои го допираат јадрото на “македонизмот” и иредентизмот на Скопје, пишува порталот, потсетувајќи дека Коѕиас постојано истакнува оти иредентизмот мора да престане.

 

„Решение со кое би се избрале словенски термини за идентитет и јазик можеби ќе понуди излез, иако ова е најчувствителното прашање“, заклучува „Диферњуз“./МИА

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи