Летајќи над Јупитер со преку 210 000 километри на час, сондата на НАСА, Џуно, која што кошта преку 1 милијарда американски долари, на 24 октомври го направи своето 9-то надлетување над Јупитер и направи навистина неверојатни фотографии. Бидејќи сонцето се наоѓаше помеѓу Јупитер и планетата Земја, фотографиите стигнаа до НАСА дури во текот на вчерашниот ден. Сепак чекањето се исплатеше, фотографиите оставаат без здив.