Судиите што одлучуваа за притворите на Грујевски и Бошкоски бегаат од сослушување пред Советот за факти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во Советот за факти и утврдување одговорност за судии, кој пред два дена најави дека ќе ги сослушува судиите против кои има преставки дека се огрешиле во своето работење, не се појавил ниту еден од единаесетмината кои одлучуваа за притворите на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

 

Токму поради несовесното одлучување на инволвираните судии во случајот против Грујевски и Бошкоски, им беше овозможено на двајцата обвинети да побегнат од земјата и дури по речиси четири месеци да бидат фатени во соседна Грција.

 

Она што е познато е дека тројца судии од Основниот суд Скопје 1 и апелационите судии ги  добиле поканите по пошта, а врховните судии тоа не го направиле. Доколку судиите не се појават во закажаните термини, тогаш пред Советот ќе се читаат нивните писмени изјави. Кога ќе заврши овој дел од постапката, Советот засебно ќе донесе одлуки дали и за кого Судскиот совет ќе поднесе иницијатива за утврдување несовесно и нестручно вршење на судиската функција.

 

Коалицијата „Зелена лупа“ побара од Јавното обвинитлество за оргазиран криминал и корупција да отвори истрага за злоупотреба на службената должност на судиите од кривичниот суд: Ленче Давиткова, Татјана Михајлова и Дијана Груевска-Илиевска, за Љиљана Шопова-Ивановска, Сафет Кадрии и Цветанка Периќ од Апелациониот суд од Скопје, како и за врховните судии: Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Ристо Катавеноски и Џемаили Саити.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи