Најсмртоносното место во светот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прекрасното езеро Карачај се наоѓа во Русија и толку е убаво што ви застанува здивот. Но, колку што е убаво толку е и смртоносно.

 

Имено, Карачај е службено најзагадено место на планетата и за само еден час престој во близина на тоа езеро можете да примите смртоносна доза на радијација, која е иста како да се направиле 600 рендгени. Причина за огромните количества зрачење е блискиот нуклеарен погон кој со работа престанал на 29. септември 1957 година, после несреќата во која откажал системот за ладење.

 

Езерото Карачај е сместено во рускиот регион Чељабинск, во близина на границата со Казахстан, и се наоѓа во склоп на фабрика за репроцесирање на нуклеарен отпад, Мајак.

 

 

Во текот на 40-тите години на минатиот век во близина на езерото бил сместена тајната фабрика за изработка на нуклеарно оружје и плутониум. Станувало збор за советски проект за атомски бомби.

 

После Втората светска војна, Советскиот Сојуз заостанувал со развојот на нуклерниот арсенал во однос на САД, па набргу се работело на истражувања и развојни проекти за да се произведе доволно количество ураниум и плутониум.

 

Имено, плутониумот испушта алфа зрачење кое главно минува низ нашето тело. Доколку се судри со молекулите во нашиот организам, односно со молекулите од јадрото на станицата, можат да настанат серизони оштетувања на хромозомите. Нуклеарната фабрика во градот Озерск е изградена во брзање помеѓу 1945. и 1948. година, а дупките во знаењето на советските физичари оневозможиле исправна проценка на сигурносните одлуки.

 

Во тие фази на развој не се земале предвид еколошките проблеми. Во почетокот високо радиоактивниот отпад се одлагал во блиската река, а понатаму до Арктичкиот океан. Подоцна езерото Карачај се сметало како магазин на отворено, а после експлозијата на нуклеарниот дел во 1957. радијацијата станала смртоносна. Биле испуштани долготрајните фисиски елементи како Стронтиум 90 и Цесиум 137.

 

Населението било евакуирано, но и покрај тоа голем број луѓе не сакале да се преселат, па и ден денес вдишуваат контаминирана прашина и воздух и пијат загадена вода. Во регионот забележани се зголемувања за 21 процент на заболени од рак, 25 проценти на деца родени со мани и дури 41 процент на заболени од леукемија.

 

Дури по 1992 година, после 45 години, на странците им е дозволен пристап до фабриката, во периодот кога рускиот претседател Борис Елцин потпишал документ кој го дозволува тоа. Кога ја увиделе состојбата на терен, странските научници веднаш го прогласиле за најзагеаден регион во светот.

 

Карачајското езеро денес е затворено со цемент чија намена е радиоактивниот талог да го држи подлеку од брегот. Низводно, во реката Теча скоро и да нема траги од радијација, а нагорните токови се загадени, па од нив уште стотина години нема да биде сигурно да се пие водата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи