Нема веќе поднесување на годишна даночна пријава во УЈП

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На вчерашната седница Владата на Република Македонија го разгледа предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход.

 

Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.

 

Управата за јавни приходи ќе има за обврска самостојно да ги прибере сите податоци за остварените приходи на сите физички лица и истите компјутерски да им ги достави. Со ова, на секој граќанин ќе му биде доделена лична лозинка преку која ќе има пристап до пријавата доставена од УЈП со цел да направи проверка на своите податоци.

Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

 

Како и до сега така и со новиот систем секој кој ќе се обиде да сокрие дел од приходите остварени во текот на годината, превзема голем ризик да се најде на црната листа на управата за јавни приходи.
Новиот систем треба да има капацитет да опслужува над 300 илјади граѓани кои ќе имаат обврска да поднесат годишна даночна пријва и да нема откажување на системот како што неколку пати тоа се случува при поднесувањето на годишните даночни биланси од страна на сметководствените бироа.

 

Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи