Фановите на „Star Wars“ се израдуваа на веста дека ќе се снимаат дури три нови филма во кои ќе бидат претставени нови ликови и универзуми.
Оригиналната франшиза има девет филмови вклучително и последниот „Star Wars: Episode IX“ која ја режира Џеј Џеј Адамс, а чија премиера ќе биде во 2019 година.
Ќе ги креира Риан Џонсон кој стои зад новото издание на „The Last Jedi“, осмиот филм во рамки на сагата, кој во кината ќе се појави во декември. Продуцент на филмовите е Рам Бергман.
„Имавме најдобар период од животот кога соработувавме на филмот ’The Last Jedi‘ со Лукасфилм и со Дизни. Star Wars е најдобрата модерна митологија и среќни сме дека ќе придонесеме. Едвај чекаме нова серија од филмовите“, велат во заедничка изјава Џонсон и Бергман.
Претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди вели дека Џонсон е креативната сила и дека нејзе најголема радост во кариерата и било да го гледа настанокот на филмот „The Last Jedi“ од почеток до крај.
„Риан ќе направи неверојатни работи со празното платно во новите трилогии“, вели таа.