Започна главната расправа за „Труст“

Facebook
Twitter
Email
Print

Во Кривичниот суд започна главната расправа за предметот „Труст“ на СЈО, во кој во кој првообвинет е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

 

Специјалниот обвинител Артан Ајро во актовка им ги донесе во судница доказите на одбраната. Адвокатите пак бараа од судот да закаже посебно рочиште на кое ќе можат да ги оспорат доказите, бидејќи според нив, голем дел не докажувале ништо и не биле поврзани со обвинението. Судијката не дозволи повторно одложување на судското рочиште.

 

„Шест години обвинетите работеле со фалсификувана документација. Свесно се затекнале на вистинско место, во вистинско време, но со невистинита документација. Со кривичните дела обвинетите ги повредиле општестврните правни норми. Труст успеал со фалсификувана документација да добие тендер од АД ЕЛЕМ за ископување на јаловина и јаглен. Со незаконски добиена јавна набавка испумпани се 17 милиони евра пари на граѓаните. Невистинитите документи се злоупотребени, а тоа го докажуваат и прислушуваните разговори. На судот со доказите ќе му дадеме јасна слика за незаконското работење на обвинетите”, рече во воведниот говор Бубевски, обвинител од СЈО.

 

Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Труст“ во кој се обвинети бизнисменот Сеад Кочан и уште две лица. Се товарат за фалсификување документација за добивање тендер од ЕЛЕМ во 2011-та година, во вредност од 17 милиони евра.

 

Бизнисменот Кочан на почетокот од судењето изјави дека не се чувствува виновен.

 

Одбраната, претходно се пожали дека не им се дадени сите докази на увид, поради што и беше одложено рочиштето на седми ноември.

 

Обвинението за „Труст“ е напишано на 57 страници, од кои на 50 се наведени доказите. СЈО за овој случај навело и сослушување сведоци. Во „Труст“ компании се обвинети дека доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи