На светската изложба за сите видови раси на кучиња која се одржа во германскиот град Лајпциг шарпланинецот ДИЦО ОД КАРАВИЛОСКИ во сопственост на нашиот познат одгледувач на оваа раса, Владо Каравилоски, стана новиот светски шампион во преголема конкуренција.
Одгледувачот Владо Каравилоски подолго време се занимава до одгледување на македонската гордост – шарпланинецот.
Екипата на Инфо Компас им го честита овој голем успех.