Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, следната недела доаѓа во посета на Македонија.
Хан ја најави посетата на својот профил на „Твитер“, по средбите со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Со нетрпение ја очекувам мојата посета во Скопје следната недела во рамки на којашто ќе остварам политички средби и средби со претставници на цивилното општество, објави Хан на „Твитер“.
I am very much looking forward to my visit to #Skopje next week, with political meetings and exchange with #civilsociety 2/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) November 13, 2017
Хан изјави дека верува дека владата ќе го искористи позитивниот момент и дека видливи ќе бидат резултатите од понатамошните реформи до крајот на годината. За тоа ќе биде потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата, истакна Хан.
„Одличен состанок со вицепремиерот, Бујар Османи и Министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Уверен сум дека владата ќе ја искористи позитивната динамика и дека ќе видиме понатамошни реформски резултати до крајот на годината. Ова бара конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата. Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје следната недела, со политички состаноци и средби со граѓанското општество“, напиша Хан на „Твитер“.
Excellent meeting w DPM @Bujar_O and FM @Dimitrov_Nikola of ?? Confident that government will use positive momentum and we will see further #reform results by end of the year. This requires constructive cooperation of all political forces, including the opposition. 1/2 pic.twitter.com/8rAPasauDy
— Johannes Hahn (@JHahnEU) November 13, 2017