Индекс на дарежливост: Македонија на 64-то место во светот

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија се наоѓа на 64-то место според Индексот за дарежливост и на второ место според остварениот скок во таа област во 2016 во однос на 2015 година.

 

Поголем скок од неа, остварила само Босна и Херцеговина.

 

Во студијата за дарежливост, со која се опфатени 140 држави, предвид се земени три категории: подготвеност да се помогне на странец, парични донации и времето минато во волонтирање во добротворени цели.

 

Во категоријата подготвеност да се помогне на странец на прво место е Сиера Леоне, втора најдружељубива земја е Ирак, додека на трето место се наоѓа Либија.

 

Луѓето на Мјанмар се најдарежливи со донации, веднаш зад нив е Индонезија, додека на трето место на индексот на дарежливост на донации е Малта.

 

Индонезија е земјата чии граѓани најмногу волонтираат, додека на второ и трето место се најдоа Кенија и Мјанмар.

 

 

Според добиените податоци, севкупно земено Мјанмар се наоѓа на првото место на Индексот на дарежливост, додека на второ и трето место се Индонезија и Кенија.

 

Според податоците добиени при истражувањето, 91 отсто од жителите на Мјанмар во текот на минатата година дале пари во добротворени цели, 53 проценти помогнале на странец, а 51 отсто волонтирале. Својата несебичност, жителите ја должат на теравада будизмот, кој проповеда скромност и монашки начин на живот.

 

На другиот крај на листата е Јемен, најмалку дарежливата земја, каде само 31 процент од испитаниците помогнале на странец, три отсто дале пари во добротворни цели, а шест отсто волонтирале. Од нив подарежливи се Кина, па Литванија, Мароко, Грузија, Камбоџа, Мадагаскар и Србија.

 

Најдарежливи во регионот се Словенците кои се на 58. место, потоа следуваат државјаните на БиХ кои се на 59. место, Македонците на 64,, Косовците се на 65, Албанците на 94., Црногорците на 110., Грците на 114., Хрватите на 121., Бугарите на 127. место и најнедарежливи во регионот се Србите, кои се на 132 место од вкупно 140 земји опфатени со студијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи