Владата го усвои зголемувањето на акцизата за дизел гориво

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари.

 

Како што претходно беше соопштено, зголемувањето на акцизата се предлага од 1 јануари 2018 година, а очекуваниот ефект во буџетот за наредната година е 1,6 милијарди денари.

 

Според Владата ова се предлага како соодветна измена на даночната регулатива. Притоа, ефектите од оваа мерка биле зголемување на буџетските приходи, усогласување со европските стандарди и регулативите на Европската Унија, како и заштита на животната средина, односно намалување на загадувањето.

 

Со ова зголемување на акцизата за нафта се планира да се зголеми приходот во буџетот за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ од продажба на дизелот приходот да се зголеми за 350 милиони денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи