Генералниот секретар на ОБСЕ во посета на Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, утре доаѓа во прва посета на Република Македонија, соопшти македонското МНР.

 

Гремингер ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а ќе се разговара за новата општествена клима во земјава, за соработката со ОБСЕ и за поддршката што ја дава во процесот на европската и евро-атлантска интеграција на Македонија. Гремингер ќе има состанот и со премиерот Заев.

 

Посетата на Гремингер се совпаѓа со 25-та годишнина од воспоставувањето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и претставува прва посета на Балканот откако стана генерален секретар на ОБСЕ во јули месец оваа година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи