Државните органи ќе бидат обврзани месечно да информираат колку должат

Facebook
Twitter
Email
Print

Државните органи од следната година на месечно ниво ќе треба да објават колку должат. Ова ќе биде уредено со закон, за што предлогот е веќе подготвен во Министерството за финансии.

 

Оттаму информираат дека Предлог законот е подготвен и со него јасно ќе биде уредено ова прашање и јасно ќе се знае што должат институциите.

 

Ова е преодно решение до изготвување на софтверот во кој државниот орган ќе треба да ја внесе секоја фактура, а Министерството за финансии го подготвува со Светска банка.

 

Ваквата иницијатива произлезе од новата Влада која кога ја презеде должноста објави дека заклучно со 31 мај годинава долгот на државните органи изнесувал 403 милиони евра.

 

Од Министерството посочуваат дека се прават анализи на овие податоци што ги доставиле државните органи бидејќи се утврдило дека некои од нив пријавувале и фактури кои не биле доспеани.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи