Кристијан Бејл со нова трансформација

Холивудскиот актер Кристијан Бејл, кој што е познат по екстремните трансформации кои ги прави за неговите  улоги, уште еднаш ги остави без зборови неговите фанови, откако се појави во јавност за улогата во филмот „Backseat“, во која ќе го глуми Дик Чејни.

 

Бејл се појави на прес конференција со избричена глава и многу подебел од претходно. Запрашан како успеа да ја зголеми својата килажа, Бејл низ смеа кажа дека изел огромно количество на колачи.

 

Моменталниот изглед за улогата на Чејни е во тотална спротивност од изгледот кој го имаше во 2004 година за филмот „The Machinist“, имаше само 55 килограми. Тоа беше неговата прва улога во која драстично го промени изгледот на своето тело. Потоа додаде 15 килограми чиста мускула маса за улогата на Бетмен во 2005. Повторно ослабе за фимот „The Fighter“ во 2010, а се здебели енормно за „American Hustle“ во 2013 година.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи