Идентификуван убиецот на фудбалерот Јанушев, полицијата ќе распише потерница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Неколку недели по убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, полицијата го откри идентитетот на убиецот. Според извори од истрагата, станува збор за Ф. С. кој е во бегство и по него ќе биде распишана потерница. Станува збор за осуденик кој издржувал шестгодишна казна затвор за трговија со дрога. Во времето кога се случило убиството тој користел слободен викенд надвор од затворот.

 

„Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница и слично за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот. Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

Од МВР велат дека имаат индиции каде се наоѓа убиецот и работат на негово приведување. Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, не станува збор за нарачано убиство.

 

За убиството полицијата сослуша 35 лица. Тоа се луѓе што биле присутни во околината во моментот на убиството, луѓе што може да помогнат во обезбедување докази. Обезбедени се сите снимки од безбедносните камери и објектите во близина на местото на убиството, но и снимките од граничните премини. Полицијата го има и пиштолот со кој било пукано во Јанушев.

 

Дваесет и осумгодипшниот Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава, со неколку истрели од огнено оружје, пред влезот од неговата зграда на улицата Владимир Комаров, во близина на кафулето „Ред кафе“, во населбата Аеродром.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи