Собрание: Предлог одлука за намалување на парите за училишта, за животна средина, за студентски домови…

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На дневен ред на Собранието на Република Македонија денеска има само една точка – предлог одлуката на Владата за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

 

По констатирањето на дневниот ред претседателот на Собранието Талат Џафери ги задолжи Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно-правната
комисија да ја разгледаат Предлог одлуката.

 

Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши  за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација. Се работи за прераспредување на  1.647.100.000 денари.

 

Со предлог одлуката се предлага, на пример намалување на планираните пари за привремени вработувања, за невладини организации, за реконструкција на згради на владини органи, за министерствата за одбрана, за правда, за надворешни работи, за животна средина, но и за изградба на градинки, основни училишта, за училишни спортски сали, за изградба и реконструкција на студентски домови.

 

Освен тоа се предлага и зголемување на парите за големата концертна сала за Македонската филхармонија, за албанскиот театар во Скопје, за театарот и библиотеката во Тетово.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи