Груевски: Лазаров самиот нека ви каже зошто се изјаснил за виновен

По завршување на денешното рочиште за случајот „шамари во Центар“ Груевски изјави дека претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров самиот треба да каже зошто се изјаснил за виновен. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Лазаров можеби имал лична причина зошто се изјаснил за виновен и ги упати новинарите за тоа да го прашаат лично него.

 

Инаку претходно поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела за кои се товарот во случајот „шамари во Центар“.

 

Следното рочиште за насилството во општина Центар што се случи во 2013 година е закажано за 29 ноември. Денешното рочиште траеше четири часа.

 

Експретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар, Томислав Лазаров, се изјасни за виновен и рече дека длабоко се кае за стореното дело во постапката за нарачаното насилство во Општина Центар.

 

И другите обвинети во случајот : Јордан Ристовски, Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски, Трајче Петковски, Милан Андоновски, Митко Пецев, Борче Богдановски и Игор Бошковски, се изјаснија за невини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи