Судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство, ќе почне на 6 декември, Кривичниот суд, кој на 13 ноември го прифати обвинението на СЈО за случајот, дал и два дополнителни датума за судење, 18 и 26 декември, потврдија од СЈО.
Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.