109 години од создавањето на албанската азбука

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На денешен ден, 1908 година во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука. Конгресот бил свикан на 14 ноември и на него присуствувале 160 делегати од Албанија, и од албанските заедници во Романија, Египет, Америка, Грција, Турција, Италија итн,  со цел сите заеднички да создадат една единствена азбука.

 

Зградата во која се одржал Битолскиот Конгрес, денес е Музеј на албанската азбука, и е ентериерно реконстуриран. Во него се поставени фотографии и повеќе од 230 документи  во дигитална и хартиена форма со кои се афирмираат преродбеничките, културолошките и напредните движења на албанскиот народ.

 

Со посета на Музејот на албанската азбуката во Битола денеска ќе почне одбележувањето на 22 Ноември, Денот на албанската азбука. Целиот настан ќе заврши вечерва со свечен концерт кој се организира секоја година по овој повод. Ќе присуствуваат истакнати личности од албанската заедница, претставници од Владата и од меѓународната заедница

.

Така ќе им оддадат почит на доајените на образованието на албанскиот јазик. Вчера во Битола се одржа научна трибина на која учествуваа истражувачи на албанологијата од државни институции во Македонија, Косовo и од Албанија. Сите одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој била востановена албанската азбука.

 

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

 

„Азбуката, јазикот и писменоста се многу повеќе од само средство за комуникација, тоа е вредност сама по себе, заштитник на традицијата и националниот идентитет. Во ноември 1908 година, на Битолскиот конгрес, се кодифицираше албанската азбука и тоа имаше значајно влијание врз издигнувањето на националната свест и единство помеѓу албанците“, вели Џафери во честитката.

 

Република Македонија, додава Џафери, е земја во која се негуваат и почитуваат различностите и со негување на јазичните и културните богатства на сите граѓани, ние придонесуваме кон зачувување на заедничките трајни вредности и тоа е влог за подобра иднина на нашите млади поколенија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи