СЈО во судот дојде со 1.560 докази за Труст, меѓу нив и разговор на Груевски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Специјалното јавно обвинителство предложи 1.560 докази на 81 страница против Сеад Кочан и останатите обвинети во предметот „Труст“.

 

Меѓу нив се и три разговори од „бомбите“. Еден од разговорите веќе беше објавен од СДСМ, а го водат поранешниот премиер Никола Груевски и првиот човек на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски. Другите два не се објавени во јавноста и ги водат тогашниот генерален секретар на Влада, Кирил Божиновски и Влатко Чинговски.

 

Меѓу доказите кои ги изведува СЈО се и фактури, податоци од Агенцијата за вработување за бројот на вработени лица во трите фирми, извештаи од банките за сметките на фирмите, книговодствена евиденција за начинот на кој ЕЛЕМ му плаќал на „Трансмет“ итн.

 

Судијката на денешното рочиште во кривичниот суд го одби предлогот на одбраната трите „бомби“ да не бидат докази во постапката и го прифати предлогот ЦД од обработени банкарски сметки да не биде доказ во постапката.

 

Во случајот „Труст“ првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан и уште двајца, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, а со обвинението опфатени се и фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ кои здружени во конзорциум доставиле фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност со цел да добијат тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаглен во Суводол, вреден над 17 милиони евра.

 

Следното рочиште е закажано за 30 ноември, а на него како сведок ќе биде сослушан Васил Ристовски, управител на „Силекс неметали“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи