Откупот на тутунот се одвива без проблеми

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Откупната кампања на тутунот од годинешната реколта во Прилеп, но и на ниво на цела држава се одвива без проблеми. Ова денеска го соопшти директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јане Станкоски којшто на оваа тема разговараше со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

„Откупот на ниво на целата држава, а секако и во рамките на прилепска општина се одвива без проблеми. Од пријавените  9 откупни фирми, досега тутунот го преземаат 8 претпријатија. До последниот рок за отпочнување на откупната кампања 15 декември, се очекува и последната откупна фирма, да обезбеди средства и да почне со откуп. Преземени се околу 7000 од околу 23.000 тони тутун, колку што се очекува да биде тешка годинешната реколта. А, постигната е просечна откупна цена од 204 денари за килограм тутун. Исплатата ќе се врши, така како што е дефинирано во потпишаните договори на кооперантите со откупните фирми“, соопшти директорот Станкоски.

 

Прилеп е најголемо тутунопроизводствено подрачје во Македонија. Дел кооперанти живеат само од тутунопроизводство. Оттука особено е значајно откупот на реколтата да се врши согласно со законските прописи и регулатива.

 

Откупната кампања според Законот за тутун, треба да финишира на 15 март.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи