Младите од Прилеп во сабота ќе даваат идеи како до подобра Општина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Сојузот на извидници на Македонија во рамките на проектот „Младинско учество преку извидништво“ поддржан од УСАИД и проектот за граѓанско учество, реализира активности за лоцирање на потребите на младите и граѓаните во 5 општини во Македонија, a една од нив е и Прилеп.

 

Во сабота на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ младите ќе може да ги искажат своите идеи за тоа во каква општина сакаат да живеат и кои се нивните приоритети за подобрување на квалитетот на животот.

 

„Па така, ние извидниците како дел од овој проект, во сабота на 2-ри декември од 12 до 14 часот организираме отворен ден каде младите ќе можат своите идеи да ги претстават на нашето извидничко катче. Втора активност пак која ќе се реализира од февруари, е младинска иницијатива, која треба да произлезе од отворениот ден (од идеите кои ќе ги пишуваат младите). За овој настан одредот има определен буџет, кој треба да го искористи во имплементацијата на некоја од идеите која ќе биде избрана во сабота“, истакна Филип Стојаноски, старешина на извиднички одред „Феникс“ од Прилеп.

 

Од извидничкиот одред „Феникс“ ги повикуваат сите млади од Прилеп во сабота да дојдат на градскиот плоштад и да ја претстават својата идеја.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи