Хојт Ји ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Хојт Брајан Ји ќе биде новиот амбасадор на Соединетите американски држави во Македонија, објави „Ал Џезира Балканс“. Информацијата ја потврдил Стејт департментот за дописникот на „Ал Џезира“ во Вашингтон.

 

Хојт Ји ќе го замени Џес Бејли, кој беше именуван во декември 2014 година. Ји е инаку дипломат од кариера и во моментов ја извршува функцијата заменик асистент секретар за Европа и европски прашања во администрацијата на САД во Вашингтон. Тој е одговорен за односите на САД со земјите од Централна и Југоисточна Европа.

 

Пред да биде назначен на оваа позиција Ји работел како заменик шеф на мисијата на американсата амбасада во Загреб, Хрватска во периодот од 2010 до 2013 година. За време на неговиот мандат во Хрватска дојде до епилог на судскиот случај против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, кој беше осуден на четири и пол години затвор за примање мито.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи