За имунитетот на шесте пратеници ќе се одлучува после пладне

Facebook
Twitter
Email
Print

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе заседава после пладне, кога се чека претседателот на Собранието, Талат Џафери да се врати од службен пат. Ова за „Макфакс“ го потврдува Павле Богоевски, претседател на комисијата.

 

Крсто Мукоски, Сашо Василeвски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов се шестемина пратеници за кои Судот  побара од  Собранието да им се одземе имунитетот.

 

Според деловникот, Комисијата носи заклучок со мнозинство гласови, но конечната одлука за симнувањето на имунитетот ја носи Собранието, кое треба во рок од три дена да го усвои  или да го одбие извештајот, а за тоа треба да гласаат 61 пратеник.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи