Прилепчанец починал при пожар кој избувнал додека го поправал возилото

Шеесет и петгодишниот Ѓ.А. од Прилеп, вработен во механичарска работилница, починал од засега непознати причини при пожар кој избувнал додека го поправал возилото.

 

Од МВР известуваат дека Ѓ.А. бил вработен во механичарска работилница и вршел поправка на патничко моторно возило „сеат толедо“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на С. Д.

 

Од непознати причини избувнал пожар во возилото, при што Ѓ.А. со црево се обидел да го изгаси пожарот, но во еден момент паднал во бессознание.

 

Од екипа на Итна медицинска помош Ѓ.А. е пренесен во Општата болница Прилеп каде што е констатирана смрт. Пожарот бил изгаснат од страна на Противпожарната екипа од Прилеп.

 

Увид ќе се врши во текот на денов.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи