Уште еден обвинет за „Шамарите во Центар“ призна вина

Facebook
Twitter
Email
Print

Јордан Ристoвски, уште еден обвинет во предметот Насилство во Општина Центар, призна вина и кажа дека се кае. Првообвинет во овој предмет на СЈО е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а минатата недела беше изречена првата пресуда. Во издвоена постапка, на 6 месеци условно беше осуден Томислав Лазаров, советник во Општина Центар.

 

Пред крајот на денешното рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“ за кое и обвинетите и одбраната се согласија да се одложи, петтообвинетиот Јордан Ристовски призна вина.

 

„Изминатава недела јас ги согледав причините за кои сум обвинет и сакам да кажам дека чувствувм вина и дека се каам за делото“, рече Ристовски.

Денешното рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“, каде што првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, беше одложено бидејќи Дончо Наков, еден од адвокатите на обвинетите е на патување, кое што му било закажано уште пред да се утврди терминот. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи прифати да биде одложено рочиштето за 7 декември, а за Ристовски, поранешен советник во Центар, побара од судијката неговиот случај да се издвои од постапката. Се чека на одлуката на судијката.

 

„СЈО секогаш ги почитувало правата на обвинетите и затоа сметаме дека е во ред да се одложи ова рочиште. Но сакаме да кажеме дека ова е последно одлагање што ќе го одобриме затоа што веќе однапред се доделени термините. Адвокатот Дончо Наков уште на претходното рочиште кажа дека е зафатен и како доказ достави авионски карти до Кина. За во иднина ќе замолам исто така и онвинетите да ги почитуваат другите странки во постапката, како и кон судот. Обвинетиот Даниел Трифуновски доцнеше 17 минути, а Никола Груевски доцнеше 19 минути и 35 секунди. Ќе замолам ако ова се повтори да сепреземат  процесни мерки за спроведување на обвинетите. Ако можам да забележам дека тие не се ни извинија за доцнењето”, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

 

Во овој случај првообвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 лица.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи