Условна казна за советникот Ристевски за „Шамари во Центар“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Јордан Ристовски, кој призна вина како обвинет во случајот „Насилството во општина Центар“ денеска е осуден на шесмесечна условна казна.

 

Судијката Татјана Михајлова го прогласи за виновен за кривичното дело насилство и го осуди на шест месеци затвор, казна која нема да се изврши доколку во наредните две години тој не стори ново кривично дело.

 

Ристевски вчера на рочиштето во Кривичниот суд самоиницијативно призна вина.

 

„По минатото рочиште откако ги разгледав делата за кои сум обвинет, сакам да кажам дека го признавам стореното и чувствувам длабоко каење“, рече Ристевски во судницата.

 

Претходно, како што објави МИА, обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.

 

Ниту тој, ниту Специјалното јавно обвинителство нема да поднесат жалба, со што пресудата станува правосилна.

 

Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, преходно призна и четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

 

По однос на останатите обвинети за овој предмет, во кој првообвинет е поранешниот премиерот Никола Груевски, главната расправа ќе продолжи на 7 декември.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи