Бејли: Одговорност за настаните на 27 април, но и презумпција на невиност

Facebook
Twitter
Email
Print

Сите што учествувале во настаните на 27 април да одговараат за своите постапки, но во исто време очекуваме да се почитува и пресумпцијата на невиност, порача амбасадорот на Соединетите американски држави Џес Бејли по средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

 

„Како што веќе кажавме, ние, како пријател и силен поддржувач на Република Македонија, ги следиме овие важни случувања. Полицијата, обвинителството, судскиот систем, треба да постапуваат транспарентно со целосно почитување на највисоките стандарди. Секако, ние, ЕУ, рековме дека одговорните за настаните од 27 април треба да понесат одговорност, но во процесот, исто така, мора да се почитува презумпцијата на невиност. И денеска во Парламентот ќе има важна дискусија. Тоа е улогата на Парламентот, да дискутира. Тоа е дел од демократското владеење“, рече амбасадорот Бејли.

 

Прашан дали заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Брајан Хојт Ји, ќе биде новиот амбасадор во Македонија, Бејли изјави дека во моментов тој е американскиот амбасадор и дека колку што тој знае, засега Белата куќа нема номинирано некого за оваа позиција.

 

„Единственото тело кое може да потврди дали е тоа точно или не, е Белата куќа“, рече Бејли.

 

Американскиот амбасадор денеска во македонското Собрание ја придружуваше Лора Купер, вршител на должност заменик-помошник секретар за одбрана на САД на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи