Собраниската комисијата ги одобри барањата за притвор на пратениците обвинети за крвавиот четврток

Facebook
Twitter
Email
Print

Комисијата за деловнички и мандантно – имунитетни прашања ги одобри барањата за притвор на шестмината пратеници обвинети за „крвавиот четврток“ со 5 гласа „за“ и 0 „против“.

 

Судија на претходна постапка побара симнување на пратеничкиот имунитетот за Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, заради одредување на мерка притвор како осомничени за време на насилните протести на 27. април.

 

На седницата беа присутни пратениците од владеачкото мнозинство, додека нивните колеги од опозицијата не се појавија во салата „Борис Трајковски“ во Собранието. Претседателот на комисијата, пратеникот Павле Богоевски, ја отвори седницата. Богоевски констатираше дека има кворум. Во салата во Собранието не беа ниту пратениците кои се тема на дискусија, односно за кои се одлучуваше дали ќе им биде одземен имунитетот.

 

За барањето за одземање на имунитетот гласаа Павле Богоевски претседател, Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири.

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вчера согласно член 53, став 5 од Деловникот на Собранието ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците.

 

Според Деловникот на Собранието, откако ќе заврши комисиската расправа, за конечната одлука ќе одлучува Парламентот на пленарна седница.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи