Притвореник се обесил со јаже во затворот во Прилеп

Триесет и три годишниот Н.Р. од Прилеп, притвореник во прилепскиот затвор, утрово околу 10.50 часот бил пронајден обесен со јаже во притворската келија. Од јавното обвинителство во Прилеп велат дека Н.Р. во келијата бил заедно со уште две други лица, кои во моментот кога тој се обесил не биле во просторијата туку на прошетка во дворот на затворот. Кога се вратиле во келијата го пронашле обесеното тело на Н.Р. кој не давал знаци на живот и веднаш ги повикале стражарите од затворот.

 

На лице место излегле и екипи на ПС Прилеп и Итната медицинска помош.

 

„По пријава на стражар од прилепскиот затвор дека е пронајден обесен затвореник наша екипа излегла веднаш на терен и на лице место констатирале смрт кај затвореникот“, вели Снежана Петровска, началник на Итна помош Прилеп.

 

Телото на починатиот притвореник е пренесено во прилепската болница, а за расчистување на случајот и за точните причини како настанала смртта јавниот обвинител наредил да се изврши обдукција.

 

Истрагата треба да покаже како точно дошло до несреќата, како Н.Р. успеал да обезбеди јаже во притвор и дали има сомневања дека во случајот е вмешано и друго лице или пак станува збор за самоубиство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи