Компанијата Комфи Ангел денеска одбележа една година од постоењето на oнлајн продавницата „SomniaShop“. Косопственикот и менаџер Ирена Јакимоска истакна дека идејата за оваа продавница ја иницирале вработените во одделот „Дизајн“, која што сега функционирала одлично токму поради нивниот ентузијазам, волја и љубов. Главната цел на „SomniShop“ била производите на Комфи Ангел да бидат достапни за сите граѓани во Македонија.
„Имено нашата цел беше пред и сè, производот на Комфи Ангел, кој што се карактеризира со соодветен квалитет да биде достапен за сите наши сограѓани на Република Македонија, со оглед на тоа што надоместокот за истиот е релативно мал и од тие причини сакавме да биде скоро во секој дом. Не само во однос на тој дел каде што можеше пристапот до нашите производи да биде непосреден и полесен, туку постоеше и друга причина од каде што потекна идејата. Сакавме да бидеме меѓу првите, што ќе потврдиме и докажиме дека користењето на личните податоци за купување онлајн, е целосно сигурно и е загарантирана нивната заштита и дека стварно она што сме се договориле во самиот процес на продажба ќе биде доставено, во однос на квалитет, цената и начинот на достава за која што истиот производ вреди. Од таа причина кажувам дека не застануваме овде и продолжуваме и понатаму, како на ниво на Македонија, така и на ниво на регионот да ја развиваме нашата платформа за онлајн продажба. Дополнително имавме и состанок за онлајн продажбата која што може да настане и подлабоко во Европа, со оглед на тоа што дефинитивно е еден од трендовите кој што мора да се следи“, истакна Јакимоска.
Јакимоска додаде дека дефинитивно кај граѓаните бил намален сомнежот за користење на личните податоци и тоа им била и целта, да се потврди дека тие како компанија се компатибилни и дека можат да ја задржат тајноста на личните податоци.