ВИДЕО – Македонците од Бугарија : Очекуваме да ни се помогне и да се каже и во Бугарија и во светот дека постоиме

Живееме во тортури, прогонства, не ни даваат да се изјаснуваме како Македонци, имаме притисоци, не можеме да најдеме работа. Ако најдеме работа, платата ни е мала. Ова денеска го истакна Ќиро Тилев, претставник од ОМО Илинден од Пиринска Македонија, кој присуствуваше на семакедонскиот собир во Прилеп, кој го организираше граѓанската асоцијација „НЕ-ИМА“.

 

 

„Лично јас имам две судски дела, ми вршат притисок. Имам притисок и во семејството и иако ова се однесува само за мене, тоа се однесува и за сите Македонци. ОМО Илинден ја направивме и притисоците станаа уште поголеми. Праќавме документи до бугарското Собрание, до бугарските институции за македонскиот јазик и отворањето на македонски училишта во Пиринска Македонија. Ни одговараат дека нема Македонци, односно бугарскиот устав не дозволува такви нешта“, вели Тилев.

 

Тој истакна дека на оваа средба пристигнале за да го искажат нивното мислење и очекувале да бидат заштитени.

 

„Очекуваме да ни се помогне и да се каже и во Бугарија и во светот дека постоиме и дека си ги сакаме нашите права во Бугарија. Не се откажуваме од тоа. Ние стратегијата на РМ не ја знаеме, не ни ја кажува никој. Договорот за добрососедство со Бугарија мислам дека е штетен за Македонците и за РМ. Во договорот се кажува дека Бугарија има предност пред Македонците. Дека ќе празнуваме заеднички празници, а ние немаме никакви заеднички празници со Бугарите. Ние имаме оддeлна историја, одделна култура, така што нема што да празнуваме со Бугарите заедничка историја“, додаде Тилев.

 

 

И Василико Ровташков од село Љаски, Пиринска Македонија, претставник на ОМО Илинден Пирин истакна дека договорот со Бугарија е штетен за Македонија.

 

„Договорот не го оценуваме никако. Во договорот не се споменуваат Македонци во Бугарија, а во Македонија има Бугари. Не сме согласни со тие договори, смена на име итн. Бараме Македонија да не поддржува и да знае дека во Пиринска Македонија има Македонци и не треба да се откаже од нас“, истакна Ровташков.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи