ВИДЕО – Митревски : Македонците во Хрватска ги имаат сите права како и останатите граѓани на ЕУ

На денешниот семакедонски собир кој се одржа во Прилеп во организација на граѓанската асоцијациија „НЕ-ИМА“ присуствуваа и членови од Заедницата на Македонците во Хрватска. Ангел Митревски, член на управниот одбор на заедницата на Македонците во Република Хрватска рече дека Македонците во Хрватска ги имаат сите права како и останатите граѓани на ЕУ.

 

Слободно може да се констатира дека Македонците во Хрватска живеат н најдобро од сите околни држави.

 

 

 „Пред сè, го имаме правото да се изјасниме кои сме, што сме, а можеме да го користиме и нашиот јазик. Многу пати јас имам давано изјави на хрватски телевизии на Македонски јазик и долу тече превод без никакви проблеми, имаме финасирање на нашите граѓански здруженија во цела Хрватска, кои што се обединети во заедницата на Македонците и тоа во износ од околу 100.000 евра годишно.

 

Во сите градови имаме свои совети на македонското национално малцинство, имаме свои претставници каде што не нема доволно, во сите жупании во регионите имаме исто свои совети, кои се финансираат на локално и регионално ниво. Во седум градови во Република Хрватска имаме отворено училишта, т.е паралелки за учење на Македонскиот јазик, односно таканаречен модел Ц во Република Хрватска.

 

Што значи се изучува Македонскиот јазик и култура за кои што самите преку советот и заедницата добивме средства за штампање на учебници, и граматика и учебник за Македонски јазик. Во тие паралелки моментално имаме околу 180 деца, кои секоја сабота околу 4 часа го изучуваат Македонскиот јазик, писмо и култура и го обновуваат својот македонски идентитет.

 

Оваа декларација е нешто што би требало да се слушне и надвор од Република Македонија. Јас оваа декларација ќе ја понесам со мене и ќе се потрудам да излези во нашето списание Македонски глас, кое што излегува во цела Хрватска и го читаат сите Македонци.

 

Верувам дека на овој начин ќе успееме да оставиме и еден товар за Владата на Република Македонија, да се погрижи за правата на нашите малцинства. За жал еве 25 години сме се уште во овој дел од регионот за некој БЈРМ или FYROM, што јас не го признавам уште од првиот ден и штета е што она што е признаено од 140 држави како Република Македонија, не е инсистирано и од претходните влади да остане како единствено решение.

 

Мислам дека самите влеговме во една замка да влеземе во спор за нешто што по првиот член на конвенцијата за човекови права која што е потпишана од ООН, каде што отворено се кажува дека секој народ и секоја држава има право за самоопределување“, рече Ангел Митревски, член на управниот одбор на заедницата на Македонците во Република Хрватска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи