ВИДЕО – СДСМ : Јавното обвинителство во Прилеп ќе има полни раце работа со поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Според информациите што деновиве ја преплавија јавноста, за менаџирањето на јавното комунално претпријатие Комуналец, од страна на поранешниот директор Златко Ристески Џекчето, јавното обвинителство во Прилеп ќе има полни раце работа. Истакнаа на денешната прес конференција од страна на О.О. СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференциијата ја пренесуваме во целост.

 

„Пред два дена, до основното јавно обвинителство, полицијата поднела кривична пријава против поранешниот директор на Комуналец, Златко Ристески, и други лица членови на управниот одбор на претпријатието, за основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

 

Според пријавата, Златко Ристески во 2012 година предизвикал сообраќајна незгода со службено возило Цитроен Ц4, која не ја пријавил в полиција. Потоа самиот организирал подигање и поправка на возилото, а Комуналец добил фактура за набавка на авто делови за оштетеното возило во висина од 250.000 денари.

 

Пријавените членови од управниот одбор на Комуналец ја одобриле исплатата на фактурата, иако Златко Ристески не дал на увид налог за користење на службеното возило, или било каков документ, со што може да се потврди дека на денот кога се случила сообраќајката бил на службено патување. Јавното обвинителство треба да расчисти дали службеното возило од Комуналец се користело во приватни цели од непознати лица.

 

Вчера актуелниот директор на Комуналец, Звонко Јованоски, соопшти дека Златко Ристески го оштетил ова јавно претпријатие за половина милион денари. Ристески, спротивно од законот и своеволно им го простувал долгот за неплатени сметки за отпад на одредени семејства, со што само по овој основ го оштетил претпријатието за над 10 милиони денари.

 

Голем дел од ненаплатените сметки биле во изборни години. Спротивно на законот, Ристески не им исплаќал одредени надоместоци на вработените, со што создал долг во висина од 47 милиони денари, од кои 21 милион за камати за судски трошоци, адвокати и извршители поврзани со тужби од вработени. Ја ангажирал Новоградба, фирма во сопственост на кумот на Маријан Ристески, Гоце Ингилизов, како и добро познатата Електро Точила.

 

Тоа е тој магичен круг од кумовски и роднински врски, според кој 12 години функционираше локалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нема да дозволи криминалците да поминат неказнето. Република Македонија ќе биде правна држава, во која секој што ја злоупотребил функцијата и парите од граѓаните ќе одговара“, велат од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи