Владата со одговор до Коѕијас: Јавноста е целосно информирана

Facebook
Twitter
Email
Print

Јавноста е целосно информирана, решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес, велат од Владата откако шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, порача на народот во Македонија да му се објасни која придавка ќе стои пред името.

 

„На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, за прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји. За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана. Изнаоѓањето взаемно прифатливо решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес. Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави“, велат од Владата.

 

За секој следен значителен исчекор во текот на преговорите, додаваат од таму, јавноста ќе биде повторно целосно информирана.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи