ВИДЕО – Стојаноски : Протестен собир во Прилеп за одбрана на националните интереси

Во петок, на 09.02.2018 година, во организација на МПЗ „Пере Тошев“ од Прилеп со почеток од 18:00 часот, пред камената бина на плоштадот „Александрија” на еден масовен мирен протест за како што велат од ова здружение одбрана на националните интереси.

 

 

„Ги покануваме граѓаните да ни се придружат да кажеме НЕ за промена на името, НЕ за двојазичноста и да кажеме едно огромно ДА за слобода на патриотите и уставобранителите кои беа неправедно затворени при случувањата на 27 април. Ги повикуваме граѓаните на Р. Македонија, особено граѓаните на Општина Прилеп да ни се придружат на овој масовен мирен протест и морам да напоменам дека ова не е партиски протест, нашата партија во моментов е Македонија која што треба да ја одбраниме од сите непријатности кои и се случуваат во овој момент“, изјави Горан Стојаноски, МПЗ „Пере Тошев“.

 

Како гости на овој настан се најавени претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, професорката Виолета Ачкоска, поетот Ефтим Клетников и аналитичарот Сотир Костов.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи