Пијан прилепчанец малтретирал куче, полицијата му поднесе пријава

Педесет и шестгодишен прилепчанец, пред неколку дена, се изживувал врз куче, односно како што информираат од МВР, на градскиот плоштад донел куче и почнал да го бојадиса со црвена боја за чевли.

 

„Имено, по поднесена телефонска пријава од граѓанин во ПС-ОН Прилеп, преземени се мерки за расветлување на настанот при што е констатирано дека на 07-ми овој месец, околу 11,00 часот, на плоштадот “Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, поточно кај тезгите за чистење на чевли, пријавениот дошол со куче непозната раса, кое го имал кај себе повеќе денови. По извесно време а под дејство на алкохол, осомничениот земал црвена боја од боите за чевли и почнал да го бои кучето и да се изживува врз истото, што кај граѓаните предизвикало чувство на револт и вознемиреност“, стои во соопштението на МВР.

 

Од МВР информираат дека против прилепчанецот М. М. (56) е поднесено известување до Обвинителството поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело -“мачење животни“ по чл.233 од КЗ на РМ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи