По вчерашниот протест вработените од прилепскиот загубар во 100% државна сопственост „Еурокомпозит“ биле повикани на средба со вицепремиеирот Анѓушев која треба да се оствари попладнево во Скопје. Вработените кои и денеска продолжиија со штрајко, блокирајќии го излезот на Прилеп по стариот пат за Битола, рекоа дека ова ќе било 4-та средва со Анѓушев и немало да отстапат од своите барања, исплата на сите заостанати плати и придонеси кои не им се платени од јуни 2012 година.
„Денеска 5-ти ден продолжуваме со протестите. Имаме и нова ситуација, по вчерашниот протест ни се јавија од кабинетот на вицепремиеирот Анѓушев и не поканија денеска попладнево во 15 часот на средба. Ќе приисуствуваме ние како претставници од сииндикатот, претставник од СИАР, раководството на „Еурокомпозит“ ии миинистерот за транспорт ии врски Горан Сугарески. Што ќе се случува на стредбата не знаеме, но ние нема да отстапиме од нашите барања. Доколку се успее да се најде заедниички јазикк можеби ќе продолжиме со работа, доколку не пак ќе продолжиме порадикалкно со штрајкот“, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.
Вработените велат дека ова ќе било 4-та средба со Анѓушев и тие настапувале со истите две барања, исплата на неисплатени плати и придонеси и конечно започнување на земање на бруто плата како и сите останати вработени во Македонија.
„Нема да направиме отстапки од тие барања затоа што 10-тина години сме лажени и еднаш мора да дојде крај на оваа голгота. Од тиие ставови нема да отстапиме. Последен пат се сретнавме со Анѓушев пред неколку месеци средбата не вредии со плод. Јас сепак мислам дека клучот е кај премиерот Зоран Заев, но мора да одиме на преговори“, кажа Цветан Бунтески, член на синдикалниот одбор.