Почитувани производители на тутун, Вашиот труд, тутунарската мака се цени и се плаќа! Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, ги зголеми субвенциите за тутун! Истакнаа на денешната прес конференција на О.О. СДСМ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции од досегашните за секој килограм предаден тутун и тоа почнувајќи од реколтата 2017 година:
- За прва класа тутун, субвенцијата ќе изнесува 80 денари по килограм,
- За втора класа тутун, 70 денари по килограм,
- За трета и четврта класа, обезбедуваме по 60 денари субвенција по килограм предаден тутун.
Уште еднаш покажавме дека зборот даден пред граѓаните, за нас е света работа.
Покажавме дека со домаќинско работење има повеќе пари за граѓаните.
Реколтата 2017 беше една од најуспешните и се постигна историски највисока просечна откупна цена, којашто вкупно со зголемените субвенции на 23.000 тутунарски семејства им обезбедува приход од 100 милиони евра!
Со ова, целосно паѓаат во вода сите лаги и манипулации дека ќе сме ги укинеле субвенциите, со кои криминалната ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше тутунарите.
Не само што не се укинаа субвенциите, туку и ги зголемивме и ќе бидат исплатени во законскиот рок. Никој повеќе нема да ги уценува тутунарите со нивните тешко заработени пари. Субвенциите ќе се исплаќаат на тутунарите навреме, која е најпотребно.
Покрај тоа, со законски измени ќе им ги олесниме административните процедури на тутунопроизводителите. Во иднина тутунарите нема да поднесуваат евидентни листови и дирекно ќе склучуваат договори за откуп со откупните претпријатија.
Со сето ова обезбедуваме сигурност на производството и непречен откуп на тутунот!
Тутунарите се наш приоритет и во фокусот на нашите политики. Зборот е збор!“