Судството е претворено во политичка гилотина, изјави поранешниот премиер, Никола Груевски, по денешното судење по предметот „Траекторија“. Според него судот не се однесува исто кон обвинителите и кон одбраната, што покажува, како што рече, дека врз него се води политички прогон преку судството.
„Во судот веќе доаѓам толку често, што треба да ми дадат канцеларија, а и да добивам плата“, изјави тој.
Како што рече Груевски, судот кон обвинителите се однесувал со почит, спокојно и мирно, додека кон одбраната судот реагирал нервозно, што, според него, покажува на која страна е.
Груевски истакна дека бара еднаков третман како оној кој судот му го дава на Зоран Заев.