ВИДЕО – Со изложбата на маски започна меѓународниот карневал Прочка 2018

Со изложбата на над 700 маски, кои денеска беа изложени во Домот за култура „Марко Цепенков“, а ги изработија учениците од основните и средни училишта од Општина Прилеп започна меѓународниот карневал Прочка 2018. Учениците

 

 

„Во овој изложбен простор сведоци сме на над 700 креации на нашите ученици од сите училишта во градот. Комисијата која ги оценуваше беше составена од повеќе наставници по ликовна уметност, работеа до доцните вечерни часови и одбраа три први, три втори и три трети места. Илијоски Димитар од ООУ „Блаже Конески“ прво место, Крстески Иван од СОУ „Ѓорче Петров“ прво место, Стефановски Давор од СОУ „Орде Чопела“ прво место. Дневен центар „Ѕуница“ второ место, Мирческа Андреа ООУ „Кирил и Методиј с. Подмол второ место. Гулабоски Александар СОУ Гимназија Мирче Ацев второ место. Трите третии места им припаднаа на Долеска Марија од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, Келенкоски Семих од СОУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци и Трајкоски Филип СОУ гимназија „Мирче Ацев“, изјави Снежана Ристеска, советник за култура.

 

Критериумите кои треба да се застапат за маските се тие да бидат изработени од природни материјали, да бидат носливи и да ја претставуваат нашата традиција.

 

„Јас направив маска која е венецијанска маска направена со природни материјали. Искрено не очекував дека ќе добијам награда. Ја изработував околу една недела, а во тоа ми помогна мојот наставник по ликовно“, рече Димитар илиоски, ученик во ООУ „Блаже Конески“, добитник на прво место.

 

„Направив маска каде се претставени 4-те годишни времиња во вид на огледало, ја изработував околу 2 недели, а во тоа ме поддржуваше мојата професорка по ликовно. Маската е изработена е од природни материјали, а ја изработував 2 недели. Учествувам на овој карневал со изработка на маски од 7-мо одделение“, вели Иван Крстески, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“, добитник на прво место.

 

Карневалот продолжува утре со дефилето на детските маски, а во недела во 13 часот во центарот на Прилеп ќе се случи главната манифестација.

 

„Наградените освен дипломи ќе добијат и парични награди. Со ова изложба практично започнува и меѓународниот карневал Прочка 2018. Утре во 13 часот ќе започне детскиот карневал, каде ќе продефилираат маските на децата од основните училишта од градот. Главната манифестација ќе се случи во недела на 18 февруари, во 13 часот каде во центарот на Прилеп ќе продефилираат сите маски од нашиот град, но и маските гости кои ги има од Македонија и странство. Карневалот ќе заврши вечерта во неделата со забава под маски во хотел Липа“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

 

Инаку за време на карневалот „Прочка 2018“, угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време кое се продолжува за 2 часа, согласно со чл.23 од Законот за угостителска дејност. Продолженото работно време се однесува само за деновите на одржување на карневалот, од петок 16 до недела 18 февруари.

 

Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти е донесена од Советот на Општина Прилеп, на седницата одржана на 29.02.2016 година и таа се уште има важност.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи