Две лица загинаа и 3 се потешко повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи утрово во 10.55 часот на регионалниот пат Прилеп – М. Брод, во близина на селото Ропотово, Општина Долнени.
До несреќата дошло кога од засега непознати причини се судриле две патнички и едно товарно моторно возило.
Според првичните информации од СВР Битола една од жртвите е жена на возраст од 66 години. Зорица В, од битолското село Добромири, која била сопатник во возилото „Лада Самара“ со битолски регистарски таблички, каде имало уште две други лица. А второто починато лице е маж на возраст од 68 години, Муса М. од прилепското село Лажани возач на патничкото возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички.
Товарното моторно возило, кое исто така учествувало во сообраќајната несреќа било исто марка „Мерцедес“ како и патниичкото возило со кумановски регистарски таблички.
На лице место се уште се врши увид, а телата на починатите се вадат од возилата со помош на против пожарната екипа.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.