Околу 1.000 маскирани лица, од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија и Албанија, беа дел од годинешниот спектакл – меѓународниот карневал Прочка 2018. Погледнете ја атмосферата од овој уникатен и несекојдневен настан.
Карневалот завршува вечерва со забавата под маски, кога ќе бидат соопштени имињата на најуспешните учесници по категории, на кои што ќе им бидат врачени парични награди и дипломи.