Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и официјално пристигнува во среда во Скопје. Според најавената агенда Јункер ќе биде во Скопје неколку дена, а во недела веќе е најавена и прес конференција за медиумите со премиерот Зоран Заев. Информацијата ја потврдија и од владата.
Грчките медиуми пишуваат дека симболично со првиот лет после неколку години откако е сменето името на аеродромот во Скопје се очекува до крајот на месецот да допатува во Македонија и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Според грчката телевизија Алфа Коѕијас требало во Скопје да го донесе и официјалното предлог решение за името.
Од МНР пак засега не откриваат детали околу евентуалните средби на шефовите на дипломатиите на двете држави, но велат се очекува посета на Коѕијас.