Бремени уште две малолетни девојчиња од „25 Мај“

Facebook
Twitter
Email
Print

Само неколку дена по скандалот со сексуално злоставување на 13-годишно ромско девојче, штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје, уште две малолетнички од овој дом останале бремени.

 

Ова го потврдија и од Министретсвото за труд и социјала, но посочија дека во последните два случаи не се работи за злоставување, како претходниот, штитеничките биле своеволно во врска со штитеници од домот.

 

„Едното девојче, кое одлучи да  ја прекине бременоста, има 15 години. За тоа е информирана нејзината мајка, и таа во моментот е кај неа. Другото девојче има 17 години и реши да не абортира. Таа кога ќе се породи веќе ќе има 18 години и во моментот е кај својот татко“, велат од Министертвото за труд и социјална политика.

 

Веста за уште две трудни девојчиња од „25 Мај“ ја потврдија и од Клиниката за гинекологија, каде што се води бременоста на децата.

 

„Едното девојче за кое медиумите веќе пишуваа, како и уште едно друго, се ‘затворени’, односно бременоста им е прекината. Третото девојче има 17 години и не сака да абортира. Навистина, не би сакале да ги жигосаме тие деца со кои судбината грубо си поиграла. Да им ја видите само болката во очите… Од наша страна е направено сѐ прекинот на бременоста да биде изведен најпрофесионално за децата во иднина да немаат репродукциски проблем, кога веќе психолошки се оптоварени“, велат од Клиниката за гинекологија.

 

Инаку во моментот, министертвото има пратено инспекција во домот „25 Мај“ да го истражува случајот со злоставувањето на 13 годишното девојче, кое пред неколку дена мораше да абортира.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи