Дали лудориите на прилепските директори веќе стануваат секојдневие? Додека еден си зел за право да префрла државни пари на сметката од татко му, додека работниците гладуваат и земаат по едно евро плата, се појави друг уште „појак“. Истакнаа денеска на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Дали е тоа Јане Станкоски, директор на Инспекторатот за земјоделие, претседател на ЛДПП во Прилеп и поранешен директор во тутунскиот комбинат? Сакајќи да го емитира неговиот идол Заев, кој бара да му постелат црвен тепих за во нива, овој одлучил да си ги исполнува желбите од детството, ама за жал со државни пари.
Додека земјоделците не можат да закрпат крај со крај од лошата реколта за сите култури, од повисоката цена на нафтата поради зголемената акциза за 3.5 денари и зголемениот данок, Јане наш си одлучил да набави најлуксузно возило од 32.000 евра. Дали Јане одлучил да се вози со најлуксузно возило, а стечајците во меѓувреме да гладуваат, пензионерите добиваат помали пензии, 300 фамилии останаа без егзистенција…
Почитувани, со оваа локална и централна власт -Прилеп оди во пензија, Прилеп пропаѓа и го допира дното во сите области: економија, инфраструктура, хигиена, здравство!
Уништувањето на голем број манифестации продолжува.
Џез фестивалот и Прочка останна со нува денари поддршка од Влада. Додека коледарчињата се бркаат од Општина, додека се уништуваат културни споменици, министерот Алаѓозовски одделува средства за ГЕЈ ПАРАДА, субвенции за деца кои воспеваат херои од УЧК, и доделува средства на невладини организации на враљботени во култура.
Почитувани, Дали Јане е само еден пример за тоа како се раскрчмуваат народните пари? Очекуваме најитно да биде разрешен од Министерот за земјоделие или во спротивно и него ќе го сметаме за соучесник во ова развластие и лудило што ни се случува во општинава и во државава.“