ВИДЕО – Потребна е поголема едукација на работодавачите и работниците околу безбедноста при работното место

Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник од Прилеп, во согласност со проектните активности и задачи од проектот „Институционална поддршка“ денеска организираше работилница на тема „Безбедност и здравје на работно место, основни поими, дефиниции и мерки за заштита“. Оваа работилница е дел од институционалната поддршка што ја поддржува Фондација Отворено општество Македонија, каде што целта е да се дадат информации во делот на безбедноста во средните училишта, институциите и во граѓанскиот сектор, како и во синдикатите за нивните мерки на претпазливост, а со тоа да се обезбеди и доволна заштита при едукација која што е поврзана со Законот за безбедност и здравје при работа.

 

 

„Моменталната состојба во средните технички училишта е таква што досега нема никаков план за заштита и безбедност на учениците, така да ова е една од постручните работилници која што ја подготвуваме и реализираме во текот на овој проект, каде што сакаме да ги запознаеме сите претставници, а во иднина планираме и иден проект во делот на безбедност и здравје при работно место, што ги опфаќа не само учениците, туку и самите вработени, што е едно од најзастапените мерки како од законот, така и од мисијата на самата организација. На оваа денешна работилница се поканети претставници од Општина Прилеп, претставници од средните училишта, граѓанските организации и синдикатите. Оваа работилница е дел од серијата на работилници од проектот „Институционална поддршка за унапредување и заштита на правата на работниците во локалната заедница“, каде што целта е да се информираат и едуцираат работниците во делот на текстилната индустрија и земјоделието, но со оваа тема која што е прва, започнуваме во овој дел, но исто така продолжуваме и во делот на земјоделскиот сектор, со кој веќе ќе започнеме од април месец“, изјави Рубиин Аризанкоски, секретар на Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник.

 

Според Христина Грижоска, предавач на работилницата, целта на овие предавања била повторно да се актуелизира и на некој начин сите да бидат запознаени со заштитата на сите вработени, ризиците на работните места, правата кои што произлегуваат за вработените.

 

„Целта на оваа работилница е сите ние кои учествуваме, без разлика дали сме предавачи или со активно или пасивно учество, да се отвори кратка дискусија што значи безбедност на работно место, општите поими, заштита на сите вработени, начинот како е средено и уредено со Законот за здравје и заштита при работа. Конкретно со Законот за безбедност и здравје при работа сменета е целата филозофија. Има нов пристап кон безбедноста на работно место, превенцијата, тука е вклучен и инспекторатот кој дејствува советодавно за превземање на сите мерки. За оваа проблематика треба повеќе да бидат информирани сите вработени, значи да има повеќе вакви работилници, во кои ќе бидат опфатени сите вработени во јавни установи и во приватниот сектор, вработени кои што ќе можат да слушнат што значи безбедност при работно место. Значи преку обуки и едукации и на работодавачите. Значи пред сè тие да знаат што е, па понатаму да ги спроведуваат мерките, кои се обврска согласно закон“, истакна Грижоска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи