Со посна трпеза заврши „Прочка 2018“

Традиционално активностите за меѓународниот карневал „Прочка 2018“ завршија со посна трпеза, што ја организира здружението „Прилепски мечкари“, во трпезаријата од манастирот „Свети Ѓоргија“

 

„Овој е наш традиционален ручек, се организира секогаш по карневалот, на првиот ден од велигденските пости. Присутни се касапите од Прилеп и сите оние што се вклучени во оваа дејност и во здружението. Денеска со нас е и градоначалникот Илија Јованоски, којшто има почит и ни дава целосна поддршка во нашите активности како здружение. Во знак на благодарност, за прв пат годинава, здружението ‘Прилепски мечкари’ го одликува градоначалникот со ‘Златна плакета’, изјави Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“.

 

Градоначалникот Јованоски на здружението му посака успешна работа и уште успешни карневали во Прилеп, но и успех и награди и при гостувањата во странство.

 

„Мило ми е што сум гостин на вашиот зеднички ручек на овој ‘чист понеделник’. Сакам да ве поздравам вас и сите љубители на вашиот занает и да ви пренесам искрени честитки од претседателите на карневалските градови за успешната организација на карневалот, како и за вашето дејствување. Вие како здружение сте репрезенти на карневалски Прилеп не само во Македонија,туку и многу пошироко“, рече градоначалникот Јованоски.

 

„Прочка 2018“, учесниците и граѓаните ќе ја паметат по добра забава, креативни маски, хумор и добра организација.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи