ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Да не дозволиме да бидеме запаметени како генерација која се одрекла од мајчиниот јазик и ја разнебитила државата

Денес кога се слави светскиот ден на мајчиниот јазик  21 Февруари, би сакале  да потсетиме на неговото значење како симбол на националното постоење. ВМРО-ДПМНЕ исклучително посветено  работи на негување, грижа и зачувување на македонското културно наследство, на уметноста и творештвото, а особено на зачувувањето на едно од нашите најголеми национални богатства – македонскиот јазик. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Зачувувањето на јазикот е од огромно значење  заради тоа што ги обединува луѓето и културно ги поврзува генерациите со предавањето на цивилизациските вредности на идните поколенија. За Македонија, македонскиот јазик е непроценливо богатство, основно национално обележје по кое се препознаваме во светот.

 

За жал во последниот период од кога на чело на државата е СДС, особено по актуелизирањето на т.н. Закон за јазици, се појавува опасност од опстојувањето на Македонскиот јазик, а со тоа и опстојувањето на нашата нација.

 

Законот за јазици фактички претставува обид за федерализација и албанизација на земјата, која започнува најпрвин со воведувањето на двојазичност на целата територија на Република Македонија, а тоа пак повлекува промена и на останатите национални обележја. Истовремено уште повеќе загрижува фактот што оваа Влада на СДС решила целосно да го уништи нашиот мајчин јазик, па во годишната програма за култура за 2018-та не оддели ниту еден денар за зачувување на македонскиот литературен јазик.

 

Затоа заложбата на ВМРО-ДПМНЕ била, е и ќе биде  да не се дозволат никакви промени на националните обележја кои во иднина би го донеле во опасност и опстојувањето на Република Македонија како унитарна и суверена држава.

Додека постои  и се почитува  македонскиот јазик, се дотогаш ќе постои и Република Македонија.

 

Токму заради тоа ги повикуваме нашите сограѓани, пратениците на СДС Хари Локвенец и Кети Смилеска да ги поддржат амандманите поднесени од страна на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и да бидат против Законот за јазици во неговото трето читање со што нема да дозволат Прилеп да стане двојазичен.

 

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од своите заложби да ги заштитува цврстите темели на нашата држава и да гради подобра иднина за сите нас. Ние имаме аманет, но и должност на нашите поколенија да им ја оставиме оваа држава онаква каква што ни ја оставиле нашите предци. Не смееме да си дозволиме да бидеме запаметени како генерација која се одрекла од мајчиниот јазик и дозволила да се разнебити татковината. Македонија постоела низ вековите и ќе постои за да ги одгледува нашите поколенија.“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи